Таа додаде дека кандидатите за советници на листата се од различна возраст, но дека имаат иста цел- да одговорат на целокупната проблематика со која ќе се занимава советот на Општина Охрид во периодот што следи по 24 Март.
– Како носител на листата на советници за општина Охрид можам да Ви ветам само една работа- новиот совет и нашето мнозинство предводено од Вмро-Дпмне со ништо нема да наликува на досегашниот совет, рече д- р Точко.
Кандидати за советници во општина Охрид од Вмро-Дпмне за локалните избори 2013 се : актуелниот советник Дејан Паноски, Сашо Донев – претседател на Унија на млади сили, Климе Шешоски, Илија Арнаудоски, Гордана Коњаноска, Љубомир Чаулев, Јадранка Здравеска, Иљат Ибраим, Ангел Јанев, Славица Петровска, Коста Трифуноски, актуелниот советник Јованка Дамоска Секулоска, Тони Коталески, Весна Јованоска, Цветко Андреески, Гоце Јовановски, Сашо Ѓорѓиевски, Гоца Спироска, Никола Тренески, Николче Милески, Јованка Настоска и Ристе Јанкоски.
Како што рече советникот Дејан Пановски, мнозинството на СДСМ во изминатите четири години управувало со досега најслабиот Совет по однос на донесените одлуки и по однос на спроведените заклучоци.
– Оптеретени со узурпираната волја на граѓаните,завиени во сопствените манипулации и следени пред се од личниот интерес, мнозинството на СДСМ не успеа да се издигне на нивото на Охрид и работеше на границата на законитоста ,често и нарушувајќи ја истата .Ниедна одлука ,ниеден проект не беше донесен во интерес на градот. Ние во досегашниот совет бевме опозиција, конструктивна,критична кон огромните грешки на Локалната самоуправа и опозиција која даваше и свои идеи. Имавме една цел – борба за јавниот интерес на Охрид и борба за заштита на Охрид и охриѓани од погрешните одлуки на Локалната . Во таа борба ние ги сочувавме принципите, ставовите и зборот од почеток до крај, рече Пановски.
Тој порача дека нивната борба ,идеи и иницијативи како советници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ќе биде бескомпромисна, а формите на делување на советниците ќе бидат многукратни, широки и блиски по граѓаните .