Од 1 јули на дел од охридските плажи поставени се спасувачи на вода кои се грижат за безбедноста на капачите. Досега околу 15 спасители се поставени на 8 капалишта долж охридското крјбрежје вели претседателот на ОО Црвен крст Охрид, Сашо Точков.

За овие 12 дена спасителната служба при ОО Црвен крст Охрид имала преку 25 интервенции на укажување прва помош и една на извлeкување на давеник. Оние капалишта кои на некој начин ги викаме слободни и се под надлежност на локалната би апелирал да се постават соодветни табли каде ќе биде истакнато дека тие капалишта не се безбедни и нема спасители на вода, вели Точков.

Додава дека за поздравување е насоката на локалната да излезе во пресрет и на барањaта и потребите на лицата со инвалидитет особено со телесен инвалидитет, но со поставување на специјални рампи со платформа на плажите „Љубаништа“ и „Горица 3“ не е обезбедно безбедно капење на лицата со инвалидитет.

Услови за капење на лица со инвалидитет долж охридското крајбрежје нема, има пристапни рампи за до водата, но да не се обидуваат самите лица да влегуваат со тие колички кои ги користат, бидејќи можат да потонат. Постојат специјални инвалидски колички кои се корситат за во вода, за кои не се потребни пристапни рампи, ги возат луѓето кои се обучени за тоа. Истите влегуваат потполно во вода, лицето се седнува на количката и се носи во вода, додава Точков.

Стоиме на располагање, вели, на сите, на локалната, невладините организации како општинска огранизација во делот на обезбедување безбедност на овие лица.

Упатува апел до сите да се користат безбедните капалишта, за да се избегнат несакани последици, да се слушаат советите и препораките на спасителите на вода.

OhridNews