Денеска точно на пладне, Еколошкото друштво „Грашница“ организира акција за спас на шумскиот појас во стариот дел од градот, кој е нападнат инвазивното растение бршлен.
Како што информираат од Е.Д. „Грашница“, голем број борови и бадемови стебла во шумата помеѓу Самоиловата тврдина и Плаошник се нападнати од ова растение, кое ги загушува дрвјата и претстои опасност шумата да пресуши.
Инаку, акцијата се организира заедно со Одделението за заштита на животна средина од општина Охрид, здруженијата „Синан Челеби“ и „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид како и со поддршка на студенти од Факултетот за туризам.
OhridNews