Првиот човек на ФИА кој долги години беше директор на Ферари, Жан Тод, за германската телевизија RTL, изјави дека Михаел Шумахер вo иднина ќе може да води нормален живот.

Од моментот кога Шумахер беше префрлен во Лозана немаше многу информации за неговата состојба, но изјавата на неговиот поранешен шеф говори дека 45-годишниот Ф1 ас би можел целосно да закрепне од тешката повреда.
„Го видов на почетокот на неделата. Тој се бори и ситуацијата е многу подобра, што е многу важно. Добро е што е во својот дом со семејството. Можеме да претпоставиме дека Шумахер ќе може да води релативно нормален живот во блиска иднина. Му треба малку време, мора многу да се одмора и мора да го оставиме да ужива во својот мир. Сигурно е само дека никогаш повеќе нема да може да вози болид на Ф1“, рекол Тод.
„Макфакс“










