Проектот „Зелени рурални ризници“ дирекно ќе го подобри животот во охридските села и ќе донесе можностите за сите нас. Се работи за план за развој на агро туризам и еко туризам во нашите рурални средини, а идејата е едноставна да го искористиме тоа што веќе го имаме, прекрасната природа, традицијата, домаќинската храна и вредните луѓе, рече на денешната прес конференција носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата, Јане Тодороски.

Со овој проект ќе се работи на подобрување на патната инфраструктура во селата, уредување на излетнички и природни места, поддршка за семејствата што сакаат да примат гости и туристи, обуки за хигиена, угостителство и промоција, промоција на локлани производи и храна. Селата како Скребатно, Косел, Куратица, Опеница, Завој и Свињишта ќе бидат вклучени во првата фаза, но идејата е да се прошири и на други села низ општината. Сакаме да ги поврземе селата меѓусебно и со Охрид за да понудиме едно поинакво, автентично, природно и локално доживување, истакна Тодороски.

Овој проект, посочи, ќе се реализира во соработка со Министерството за земјоделство, Туристичката агенција, граѓанските здружение и секако со поддршка на Европските фондови.

Тоа што е најважно е дека ова не е краткорочна акција. Сакаме да изградиме трајна поддршка за селата, нови приходи за семејствата и поголема желба младите да останат и работат тука во своите домови. Како СДСМ Охрид веруваме дека руралниот развој е клуч за порамномерен и фер развој на нашата општина. Веруваме во  селото, во земјоделецот, во локалниот производ и во тоа дека Охрид не е само езерото, Охрид се и планините, шумите и врендите луѓе што живеат таму, додаде Тодороски.

Н.С.Ј.