Има позитивно придвижување во преговорите со синдикатот на лекарите, изјави во Охрид министерот за здравство Никола Тодоров.
-Не ми е својствено и не сакам да ги водиме преговорите преку медиумите. Мислам дека дигнитетиот на целиот систем на здравствената професија не дозволува преговори да се водат преку медиумите. Затоа постојано избегнувам да давам оценки како течат преговорите. Меѓутоа мислам дека во овој момент имаме позитивно придвижување на работите и добро е во овој моментум да се најде начин како да се заврши целата оваа работа. – изјави Тодоров.
Министерот за здравство, денеска, присуствуваше на одбележувањето на 30-годишниот јубилеј од постоењето на Заводот за превенција, лекување и рехабилитација од Охрид.