Министерот за здравство Никола Тодоров, при посетата на охридска општа болница, попладнево, кусо го коментираше случајот со отворање на фирма за вршење погребални услуги во близина на влезот во здравствената установа.

-По мене тоа не е етички. Можеби треба да се преземат одредени мерки. Ние како здравствен систем не можеме да реагираме бидејќи не е тоа во кругот на болницата.-изјави Тодоров, додавајќи дека случајот е во надлежност на општината.


Никола Тодоров

Од општина Охрид денеска изјавија дека согласност за вршење  дејност не дааат градските власти туку државните институции, но се согласуваат со констатацијата дека отворање на вакво претпријатие пред болница не е етички.

OhridNews