Уште осум месеци, толку охриѓани ќе треба да се стрпат до завршување на реконструкцијата на општата болница, што ја следат проблеми и контроверзи.

-Реконструкцијата на  старото крило на Општата болница ќе биде заокружена за осум месеци, колку што е законскиот рок и обврска на новиот изведувач што пред десетина дена го доби тендерот за реконструкцијата, најави министерот за здравство Никола Тодоров на трибината на владиниот тим што синоќа се одржа во Охрид.

Поради отстапувања од проектот реконструкцијата на старото болничко крило есента беше стопирана. Во меѓувреме Министерството за здравство распиша нов меѓународен тендер кој го доби вевчанска фирма ВИА која треба да ја заврши реконструкцијата на стаорот крило на охридската општа болница.

OhridNews