Испраќање на македонските лекари специјалисти на обука на престижниот универзитет Колумбија во Њујорк, е примарната цел на посетата на Министерот за здравство Никола Тодоров, во САД.
Како што соопштуваат од ресорното министерство, прокетот за полесно испраќање на специјалистите на обука во САД е највисокиот приоритет на министерот. Заедно со Медицинскиот факултет од Скопје, равиена е соработка со универзитетот Колумбија, каде веќе предава професор со македонско потекло.
Инаку по Њујорк, министерот Тодоров ќе ги посети Детроит, Хјустон, Вашингтон, Сиетл и Лос Анџелес, каде што ќе бидат потпиашни меморандуми за соработка со универзитетските болници.
OhridNews