Во интервју дадено за Радио Слободна Европа министерот за здравство, Никола Тодоров, изјави дека ќе се залага за департизација во здравството.

Вие знаете дека во времето на социјализмот потребна била партиска книшка за да некој се вработи и тоа на Македонецот не му е туѓо. Мислам дека полека овие 20 години целото општество се труди да ја надмине таа состојба. Особено мене ми е битно ова да го нема во здравството, особено не при вработување на доктори, медицински помошен кадар итн. Во делот на тоа кој ќе управува со здравствените установи, дали тие ќе бидат политичките ангажирани, тоа е помалку битно затоа што на крајот на денот повеќе се гледа дали тој успешно управувал со здравствената установа или не. Може да биде политчки многу активен и високо позициониран, а лошо да управува со здравствената установа и тогаш кој сака нека е од моја страна ќе биде променет, вели Тодоров.

При тоа тој додава дека многу често се ангажираат експерти кои не се партиски определени за да управуваат со одредени капацитети во областа на здравството.

OhridNews