Охридскиот фудбалски колектив, по само една година играње во највисокото друштво, се врати во понизок ранг. Поранешниот македонски репрезентативец инаку дел од охридската фудбалска школа беше поврзуван со кам бек во Охрид, но до него не дојде.


– Фудбалот во Охрид го водат луѓе што немаат допирна точка со фудбал. Тоа беше една од основните причини поради која не заиграв повторно за Охрид. Можам само да им честитам на фудбалерите кои во едни такви услови и една таква организација не се откажаа од натпреваувањето – вели Толески


Толески  главниот проблем за неуспехот го лоцира во неорганизацијата како и лошата поставеноста на состојбите во клубот

– Најмал проблем беше играчкиот кадар, финасиските проблеми не беа некаква тежина, тоа се мали плати кои ги земаа фудбалери, но најголемиот проблем беше на организациско ниво. Неможе луѓе кои не шутнале топка во својот живот да водат клуб, Управата требаше да има малце образ и човечност, бидејќи имаше доста квалитетни фудбалери кои својот леб го вадат од фудбалот. Секаде е нормално доколку немаат средства и не можат да допринесат да си заминат, се додека не се гледа на фудбалот со такви очи и не се свати професионално ние ќе го доживуваме сето ова – истакна Толески.


Поранешниот напаѓач, има тренерска Б лиценца , а на пат е да ја добие и А лиценцата. Сепак тој барем засега не се гледа како дел од македонскиот фудбал.

– Сите се надеваме на подобро, но во моментов доколку би работел како тренер не би прифател понуда од наш прволигаш, со ретки исклчуоци. Моите замисли се поинакви овде нема инфраструкра, и не можеш да го спроведеш тоа што си го замислил. Нормално е дека се надеваме оти ќе средат некои работи, и дека ќе напредува фудбалот во Македонија, а за почеток да се обезбедат основни услови за да може да се исполнат најниските европски стандарди – завршува Толески.
М.П.