Нема ништо од највеното засилување во нападот за лидерот Охрид. Повременииот македонски репрезентативец Гоце Толески не ги доби на време потребните документи од чешката Млада Болеслав и нема да биде на располагање на Зоран Ѓорески за саботното супер дерби на “Атина Бојаџи“ меѓу Охрид и 11 Октомври.


Толески пред десетина дена потпиша за ФК Охрид, но сертификатот не е се уште пристигнат во Фудбалската Федерација на Македонија и со тоа тој нема право на настап.

Охрид во пресрет на дерби пресметката има бод повеќе во однос на 11 Октомври.

М.П.