Поранешниот македонски репрезентативец Гоце Толески и дефинитвно нема да биде дел од тимот на новиот прволигаш Охрид 2004. Толески кој беше најавуван како играч и помошник не успеа да најде заеднички јазик со управата и нема да има негов кам бек во белиот дрес.


Охриѓани интензивно работат на последното засилување во предониот рок. Се работи за поранешниот капитен на Вардар и младински репрезентативец Оливер Пеев. Тој одработи еден тренинг со “рибарите“ а деновиве се очекува да “падне“ и договорот.

М.П.