Повремениот  македонски репрезентативец Гоце Толески есеснскиот дел од чешкиот шампионат го круниса со дебитантскиот погодок во дресот на Млада Болеслав и тоа против својот поранешен клуб Славија Прага.  Охриѓанецот кој за прв пат доби шанса како стартер во тимот на Kарл Станер, во 51 минута погоди за водство од 2-1.


Одлично е чувството во дерби мечот да ја погодиш противничката мрежа. Конечно го скршив малерот. Искрено се издрадував на подогокот, но секогаш ќе останам “слависта“, бидејќи во тимот од Прага ги доживеав најсвлетите моменти во мојата кариера – вели Толески.

Болеслав само втор пат се радува на победа над седумнаесеткратниот првак Славија Прага, Толески кога настапуваше во дресот на Славија во шампионската 2008 година на гостувањето во Болеслав беше стрелец за “црвени- белите“ .  Со оваа рунда во чешкиот шампионат следува пауза, а Толески очекува да ја продолжи соработката со клубот.


Првично имав двомесечен договор со клубот, а  очекувам нашата соработка да продолжи – рече Толески кој во Македонија, ќе ја чека разврската околу неговата фудбалска иднина.

По 17 одиграни рунди, на врвот на табелата е Викторија Плзен, Болеслав се наоѓа на третото место , додека некогашниот гигант Славија е третапоследна на табелата.

М.П.