Потешко од очекувањата Охрид Лоте стигна до планираните три бода во дуелот со Цементарница.Покрај проблеимите со суспендираните Димоски и Абди во составот на градежниците недостигаа повредените Стојаноски и Велковски, со што формацијата на Трифуноски претпе дополнителни претумбации.


Очекував ваков тежок натпревар бидејќи квалитетот во втората лига е изедначен,. Јас долго време играв во Цементарница и знаев дека се работи за екипа која знеа што сака на теренот. Ние моежби во мечот влеговаме потценувачки, што можеше да ни се врати како бумеранг. Но на крајот работите си дојдоа на свое место – рече стрелецот на израмнувачкиот гол Аце Толески.

Охрид Лоте во наредното коло го очекува тешко гостување кај поранешниот вицепрвак Беласица од Струмица.

М.П.