По пролетните температури во изминатите два дена, ни претстои студено време. Заладувањето ќе почне уште денеска. Во Охрид ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои попладне и кон крајот на денот на планините и повисоките места ќе преминат во снег. Ќе дува умерен, а во вечерните часови засилен северен ветер, информираат од УХМР Македонија.


Облачно време со врнежи од снег ќе имаме во понеделник, а од вторник и ниски минимални температури кои на места ќе достигнат до -14 степени Целзиусови.

OhridNews