Херојот на Њу Ингланд Патриотс во финалето на Супербоул, Том Бреди ја разочара својата сопруга и модел, Жизел, откако обелодени дека нема да се повлече од америчкиот фудбал.
39-годишниот квотербек на „патриотите“ во 51-то финале на Супербоул беше избран за МВП после фантастичниот пресврт на својата екипа.
– Што се однесува до мојата сопруга, таа сака уште сега да се повлечам. Тоа ми го вели веќе трет пат, а јас и одговорам исто по трет пат. Штета, љубов моја премногу среќен и се забавувам на теренот да се повлечам. Се уште сум во кондиција да се борам со предизвиците и ќе се подготвам и следната сезона да стигниме до крајот на првенството. – рече Бреди.
Њу Инглад на Бреди ќе му понуди нов петгодишен договор и љубителите на америчкиот фудбал уште долго ќе уживаат во мајсториите на среќникот во љубовта.
OhridNews