Најкорисниот играч во финалето на Суперболот, Том Брејди остана без својот дрес кој е најдраг спомен за учесниците и победниците од едно натпреварување.
Еден од најдобрите „квотербекови“ во амерериканскиот фудбал веднаш го информирал сопственикот на клубот кој пак му вратил во шеговит стил. „Подобро влези на интернет и побарај го, таму ќе го најдеш сигурно“.
Потрагата за дресот во соблекувалните и теренот не вродила со плод и Брејди остана без својот дрес како спомен од финалето.
Што се однесува до финалниот натпревар Њу Ингланд Патриотс ја совлада екипата на Атланта Фалконс со пресврт после продолжение 34-28.
OhridNews
Супербол 2017: Неверојатен камбек на Њу Ингланд Патриотс за петта круна во НФЛ