Холивудската ѕвезда Том Круз на промоцијата на својот нов филм “Jack Reacher” во Сеул изјавил дека и покрај 30 години минати како актер, и понатаму ужива во снимањето на филмовите. “Jack Reacher” е трилер работен според романот на Ли Чајлд, “One Shot”, кој е дел од бестселер серијата за мистериозниот поранешен воен истражител.

Круз на конференцијата за новинарите со режисерот Кристофер Мекери и партнерката од филмот Розамунд Пајк, рекол дека многу се забавувал снимајќи го филмот. Пајк, која е добро позната по улогата на бонд девојка од филмот „Умри друг ден“, рекла дека таа и Круз имале добра хемија на сетот, што е нешто за кое никогаш не верувала дека ќе го рече.