Еден од најпознатите актери на светот, Том Круз, има нова девојка. Како што навеле американските медиуми, во прашање е двојно помладата Синтија Јорг, менаџерка на ресторан. Таа имала 26 години и живеела во Квинс. Само шест месеци по разводот од Кејти Холмс, Круз бил виден како се забавува со младата Синтија во еден клуб во Њујорк.
Се запознале во ресторанот во кој таа работела. По ручекот, таа на актерот му дала своја визит картичка. Том ја повикал уште наредниот ден, но не му се јавувала. Слушалката ја кренала дури два дена откако се запознале.