Стратегот на клупата од Борусија Дортмунд, Томаш Тухел ќе го замени Арсен Венгер кој после завршување на сезоната би требало да го напушти Арсенал.


Како што пренесува германскиот весник „Билд.де“, управата на „топчиите“ остварила првични контакти со Тухел и челниците на „милионерите“.

Клубот од „Емирари“ одново има сезона за заборав, откако во Премиер лигата падна на шестата позиција, а во Лигата на Шампиони претрпе срамна елиминација од Баерн Минхен во осминафиналето со вкупен резултат (10-2).

Навивачите во неколку наврати му порачаа на Вендер да замине од клубот, а на дуелот со Вест Бромвич Албион имаа порака од авион „Венгер оди си !“

Венгер палката во Арсенал ја презеде 1998 година и од тогаш со „топчиите“ има освоено четири титули во Премиер лигата и еднаш беше дел од финалето во Лигата на Шампиони.

OhridNews