ОИШ на СДСМ, денеска во просториите на партијата ќе одржи редовна прес конференција со почеток во 11 ч.

На средбата со новинарите претседателот на ОО на СДСМ од Охрид, Томе Чингоски, ќе се осврне на текот, случувањата и атмосферата во првите 10 дена од предизборната кампања во Охрид.

Чингоски посебно ќе се осврне на можностите, условите и предизвиците за успешна реализација на проектот „ ! Не си играј со иднината – фер избори 2009“ во Охрид, која се спроведува во организација на неколку невладини организации и граѓански асоцијации на целата територија на Република Македонија и е посветена на претстојните претседателски и локални избори, соопшти прес центарот на СДСМ.