Власта со своето однесување директнио го загрозува изборниот процес и создава недемократса атмосфера, обвини претседателот на ОО СДСМ -Охрид, Томе Чингоски на прес конференцијата што се одржа денеска. Тој рече дека поради однесувањето на ВМРО ДПМНЕ декларацијата за фер и демократски избори, насловена како !НЕ СИ ИГРАЈ СО ИДНИНАТА, ФЕР ИЗБОРИ 2009, која ја потпишаа сите лидери на политичките партии, е осудена на пропаст.
– НЕ СИ ИГРАЈ СО ИДНИНАТА е изборен процес без насилство и закани. Многу убаво звучи, за да биде вистина, со актуелната власт на ДПМНЕ. Не само што има и ќе има насилство и закани во изборниот процес, туку насилството и заканите од страна на ДПМНЕ започнаа многу пред почетокот на оваа изборна кампања, рече Чингоски.
Тој ја обвини ВМРО ДПМНЕ дека врши притисок врз граѓаните и ја злоупотребува позицијата на власт.
-Дали е демократски луѓето од партиските канцеларии на ДПМНЕ секој ден да им се јавуваат на нашите граѓани дома, на домашните телефони, лажно претставувајќи им се дека вршат некаква наводна анкета, од некаков наводен институт, и да ги прашуваат за кого ќе гласаат?! Дали е демократски и фер што потоа, ако не го добијат саканиот одговор, почнуваат со конкретни закани кон нашите граѓани?! Дали е демократски да се заплашуваат работниците во јавните претпријатија и другите државни установи со нови решенија, со казнување на плата, со деградирање на работните места, со рушење на нивниот авторитет од страна на партиските војници од ДПМНЕ?! Дали е демократски и фер премиерот на државава, на 5 дена пред почетокот на кампањава, да промовира универзитети и факултети во Охрид, во присуство на кандидатите од ДПМНЕ?! Дали е демократски и фер на сите прес конференции на охридското ДПМНЕ, не да се критикува, туку да се вреѓа, да се омаловажува и да се понижува градоначалникот?! Дали е демократски и фер од страна на Владата на ДПМНЕ да се лажат и подмитуваат гласачите со тезата дека – само ако изберете градоначалник од ДПМНЕ, ќе дадеме многу пари за Охрид?! Дали е демократски и фер ликот на нивниот кандидат за градоначалник да се наоѓа на секој трансформатор во градов, иако е постигнат договор каде и како да се лепат плакати?!, праша Чингоски
Сепак рече Чингоски граѓаните се свесни и на 22-ри март, ќе ги казнат, како што рече, тие што применуваат закани, притисоци и насилство врз сопствените граѓани.

Томе Чингоски











