Нов претседател на општинската организација на СДСМ во Охрид е докторот по сообраќајни науки и актуелен советник Томислав Тунтев.


Томислав Тунтев – нов претседател на ОО СДСМ Охрид

На состанокот на највисокото партиско раководство со базата во општина Охрид, одржан вечерва, претседателот на СДСМ Зоран Заев, го назначил Томислав Тунтев за претседател на партискиот огранок во Охрид.

Во потесен избор за претседател на ОО СДСМ во Охрид беа двајца кандидати.

Тунтев на претседателското место во огранокот на СДСМ во Охрид ќе го замени Науме Јованоски, кој до сега ја извршуваше оваа функција. Тој го презема раководењето со општинската организација на најголемата опозициска партија неполни пет месеци од локалните избори во Охрид на кој коалицијата предводена од СДСМ претрпе убедлив пораз. Тунтев ја доби поддршката на новото раководство на партијата кое најави консолидирање на СДСМ и поинаков правец на делување.

OhridNews