Со концерт на триото на Тони Китановски, со кое како гостин ќе настапи американскиот перкусионист со кубанско потекло Оскар Салас, вечерва на плажата „Куба либре“ се затвора првиот Oхридски џез фестивал.

Концертот започнува во 22 часот.

Претходно љубителите на џезот во Охрид имаа прилика да ги видат и чујат Васил Хаџиманов бенд од Србија и Костас Теодороу квартетот од Грција, како и„Летечки пекинезери“ од Македонија и диџејот Костадин Шурбановски-Шурбе кој настапи во култниот ноќен клуб „Џез ин“.

Организаторите се задоволни од првото издание на Охридскиот џез фестивал и најавија побогата програма идната година.

OhridNews