Не е никаква тајна во фудбалскиот свет дека Реал Мадрид очајнички се обидува да го донесе во своите редови голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа. Според информациите кои ги лансираа англиските медиуми Жозе Мурињо нема да се противи на трансферот на Де Геа, но само доколку „кралевите“ во спортивна насока го испратат Тони Крос.
Шпанскиот голман пред една година „со една нога“ беше во Реал, но трансферот пропадна буквално во една минута. Тогаш, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед договорија размена на голманите, Кејлор Навас требаше да заврши на „Олд Трафорд“, но англискиот клуб не ги достави документите навреме и размената пропадна.
Реал во летниот преоден рок повоторно ќе тргне по Де Геа, откако Навас ја загуби довербата на навивачите.
Мурињо нема ништо против Де Геа да замине, но само под еден услов, Реал Мадрид да го испрати во Англија германскиот репрезентативец Тони Крос. Менаџерот на Јунајтед смета дека Крос би бил идеален партнер во редот за врска, за Пол Погба.
Флорентино Перез најверојатно нема да се согласи на ваква размена, Крос е незманлив на средината од теренот, но новинарските шпекулации говорат дека Реал ќе се обиде да ги понуди Каземиро и Рафаел Варан во замена за Де Геа.
OhridNews