Најдобриот француски кошаркар, Тони Паркер, за спортскиот магазин L’Equipe изјави дека ќе игра за националниот тим, најпрвин олимписките квалификации, а потоа и на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, доколку Франција избори пласман.  

Да, ќе играм за репрезентацијата на олимписките квалификации, ќе играм и на Олимписките игри доколку избориме пласман. Сакам да играм за Франција“, рекол 33-годишниот Паркер, пренесува „Макфакс“.

Неговиот настап за репрезентацијата беше под знак прашалник, бидејќи ова лето тој очекува принова во семејството.

Квалификацискиот турнир на кој ќе настапи Франција ќе се игра на Филипини од 4. до 10. јули. Само победникот ќе избори пласман на Олимписките игри.

OhridNews