Тони Пјулис се наоѓа на чекор до преземање на премиерлигашот Вест Бромвич Албион, пренесува The Daily Mail.
Некогашниот менаџер на Стоук, чиј последен ангажман беше во Кристал Палас, претходно ја одби понудата на Њукасл.
Според англиските медиуми Пјулис го одбил Њукасл, бидејќи знаел дека во изборот на играчите нема да има целосна контрола поради сопственикот Мајк Ешли и главниот скаут Грејем Кар.
Вест Бромвич Албион во моментов се наоѓа на 16-та позиција во лигата со 17 бодови, еден повеќе од опасната зона.
Првиот натпревар во 2015 Вест Бромвич Албион ќе го одигра на 1-ви јануари против Вест Хем.
„Макфакс“