Единствениот македонски претставник во популарното телевизиско шоу “VIP SURVIVOR“, беше на чекор до триумф. Во големото финале на серијалот во кој учествуваа ВИП личности од Србија, Црна Гора и Македонија, што се одржа синоќа во студио во Белград, Тони освои 4 гласа, недоволни за победа, која ја однесе српскиот претставник Андреј Маричиќ.
Победникот освои 50.000 евра.
И покрај тоа што не победи, Тони Зен со пласманот во финалето и пред се со одличниот настап во едномесечните борби на Филипините остави исклучително позитивен впечаток.
Respect Toni.












