Англиските екипи се очекува да го имаат главниот збор на трансфер пазарот во зимскиот преоден рок кој започнува заедно со Новата година.


Англичаните во главно купуваат од противниците, а за тоа медиумите направија листа со десет фудбалери кои ќе бидат вистински лов во првиот месец од 2017 година.

На врвот се наоѓа фудбалерот на Ливерпул, Даниел Стариџ кој поради повредите не може да сврзе една добра сезона. На оваа листа е и Морган Шнајдерлин од Манчестер Јунајтед кој по доаѓањето на Пол Погба нема иднина на Олд Трафорд.

Голема борба ќе се води за стоперот на Саутемптон, Вирџил ван Дијк кој со добрите игри го сврти вниманието од гигантите во Премиер лигата.

ТОП 10 фудбалери:

Даниел Стариџ (Ливерпул)

Саиди Берахињо (ВБА)

Вирџил ван Дијк (Саутемптон)

Патрик ван Анхолт (Сандерленд)

Морган Шнајдерлин (Манчестер Јунајтед)

Глен Џонсон (Стоук)

Адемола Локман (Чарлтон)

Џордан Родес (Мидлзброу)

Сем Џонстон (Манчестер Јунајтед)

Роби Бреди (Норвич)

OhridNews