Од брендот „Ла Фабрик“, едно од најпопуларните места за излегување на охриѓани, доаѓа новата сендвичарница и лаунџ бар „Топ бургер“, која свечено беше отворена синоќа.

Новиот угостителски објект нуди вкусни бургери, сендвичи, пици, пасти, пастрмајлии, мезиња, даски и други специјалитети, кои освен тука, ќе можат да се вкусат и дома или на работа, и тоа со бесплатна достава, без оглед на количината на нарачаната храна!

Специјалитетите од „Топ бургер“ ќе ја збогатат понудата и на „Ла Фабрик“, каде исто така ќе може да се нарача се од менито на новата сендвичарница и лаунџ бар.

Во „Топ бургер“ ќе може да се проба и вкусен доручек, како и десерти, а новиот угостителски објект ќе нуди и кетеринг услуги.

„Топ бургер“ се наоѓа во непосредна близина на „Ла Фабрик“, на улицата „Димитар Влахов“.

OhridNews