Познатиот охридски трговски ланец „Топ маркет“ го зголеми семејството продажни места со уште една локација на најпрометната сообраќајница во Охрид.

Деновиве интензивно течат подготовките за отворањето на новиот „Топ маркет“ на булеварот „Туристичка“ во комплексот згради после некогашен хотел „Дончо“ во правец на излезот од Охрид кон Скопје.

Новиот „Топ маркет“ ќе работи во целоснореновиран и модерно уреден простор и ќе нуди широк избор на производи за широка потрошувачка со потврден квалитет. Во комплексот, веќе работи и специјализирана продавница за леб и печива на „Жито леб“.

Со ширењето на продажната мрежа „Топ маркет“ ги отвора вратите и за нови вработувања. Во тек е оглас за персонал на работа во „Топ маркетите во Охрид и Струга, за што повеќе информации може да најдете на следниот линк.

OhridNews/PR