Екипата на Арсенал покрај бодовите на „Керод Роуд“ против Норвич го загуби и Алексис Санчез до крајот на календарската година.
Чилеанскиот репрезентативец има повреда на бутниот мускул и во последниот месец од 2015 година ќе пропушти неколку клучни мечеви меѓу кои со Олимпијакос во Лигата на Шампиони.
Венгер за кратко време остана без двајца откако претходно се повреди Кокелин кој беше меѓу најстандардните фудбалери на Емирати.
Алексис Санчез сезонава има постигнато шест голови во Премиер лигата еден помалку од голгетерот број еден во Арсенал, Оливие Жиру.
Ohridnews











