Англискиот премиерлигаш Арсенал планира да го засили средниот ред со фудбалерот од Барселона, Арда Туран.


Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека „топчиите“ имаат испратено конкретна понуда до Ноу Камп за која се уште нема Барселона одговор.

Турскиот репрезентативец минатата сезона во Барселона премина од Атлетико Мадрид, но дебитираше во јануари поради забраната на каталонците за трансфери.

Арсенал, за услугите на Арда Туран на Барселона ќе и плати 20 милиони евра, ако каталонците решат да ја прифатат понудата.

OhridNews