Фудбалерите на Арсенал го освоија трофејот во најстарото натпреварување во светот, ФА Купот победувајќи ја Астон Вила со убедливи 4-0 во финалето одиграно на Вембли.
„Топчиите“ со триумфот над тимот од Бирмингем ја одбранија титулата освоена минатата сезона во финалето против Хул и стигнаа до 12-та во историјата.
Тео Волкот во 40-та минута прв ја начна мрежата на Астон Вила, а во вториот дел ја погодија уште Алексис Санчез, Пер Мертесакер и Оливие Жиру за сигурна победа.
Со 12-от трофеј Арсенал изби на чело на вечната листа пред Манчестер Јунајтед, кој има 11 титули од најсторото натпреварување.
Мх.П.