Навивачите на Арсенал имаа голема причина за радост откако нивниот тим го елиминираше Тотенхем од англискиот Лига куп победувајќи го 2-1 на Вајт Харт Лејн.
Но, радоста по победата над градскиот ривал „топчиите“ ја искажаа на погрешен начин и погрешно место. Тие го осквернавија стадионот корнејќи ги сите реклами и цитати за Тотенхем.
Полицијата интервенираше и ги приведе дел од навивачите на Арсенал, но беше предоцна за да се спаси нешто на стадионот од Тотенхем.
Ohridnews















