Фудбалерите на Арсенал го освоија трофејот во Супер купот на Англија победувајќи го Манчестер Сити со 3-0.

На мечот одигран на „Вембли“ постоеше само една екипа Арсенал која со убедливата победа се наметна за титулата од Премиер лигата.

Погодоците за „топчиите“ ги постигнаа Кацорла, Ремзи и Жиру и го донесоа трофејот од Комјунити шилд по пауза од десет години.

Мх.П.