Во името на Арсенал англиската Премиер лига доби нов лидер откако „топчиите“ со 2-0 ја совладаа Астона Вила во Бирмингем.
Избраниците на Арсен Венгер дилемите околу победникот ги разрешија во првиот дел кога постигнаа два погодоци.
Прв погоди Оливие Жиру во 8-та минута, а триумфот го запечати Арон Ремси триесет минути подоцна.
Со триумфот лондончани го освоија врвот на табелата во Премиер лигата додека Астон Вила остана закована на дното со шест бодови.
Шанса за враќање на врвот досегашниот лидер Лестер ќе има во понеделник кога го игра мечот со Челси.
Ohridnews











