„Црвените“ од Енфилд се се подалеку од пласман во Лигата на Шампиони откако претрпеа убедлив пораз (4-1) од Арсенал во дерби средбата на „Емирати“.


Три од четирите погодоци „топчиите“ ги постигнаа за само осум минути во финишот од првиот дел. Прво мрежата ја погоди Хектор Белерин, потоа Месут Озил и Алексис Санчез.



Во 76-та минута од белата точка капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон го ублажи поразот, кој драстично ги намали шансите за пласман на првите четири позиции кои водат во ЛШ.

Печат на убедливата победа над Ливерпул стави најдобриот фудбалер за месец март во Премиер лигата, Оливеир Жиру со маестрален погодок во судиското продолжение.

 Мх.П.