Англискиот премиерлигаш Арсенал со убедливи (5-1) го совлада францускиот шампион Пари Сент Жермен  во рамките од турнирот „Куп на Шампиони“, на кој учествуваат речиси сите европски гиганти.

„Топчиите“ максимално го искористија комбинираниот состав на ПСЖ кој настапи без големи ѕвезди и репрезентативците, кои, беа дел од Мундијалот. Клубот од Лондон резултатот го отвори во 13-та минута со голот на Месут Озил. Во 60-та минута „светците“ изедначија преку Кристофер Нкунку. Водството, англичани го вратија после седум минути со голот на Александар Лаказет. Истиот фудбалер за четири минути зголеми на 3-1. Роб Холдинг погоди за 4-1, а печат на убедливата победа стави Едвард Нкетија.

Мечевите од „Купот на Шампиони“ ќе продолжат со дуелите помеѓу Челси – Интер, Бенфика – Јувентус и дербито помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

OhridNews