Англиските премиерлигаши Арсенал и Манчестер Јунајтед во ист ден ги официјализираа првите засилувањa во екипата за следната сезона. „Топчиите“ се засилија со Стефан Лихтештајнер, додека „ѓаволите“ го доведоа Бразилецот Фред Родригез.

Лихштајнер во редовите на Арсенал се преселува од италијанскиот шампион Јувентус како слободен фудбалер. 34-годишниот капитен на Швајцарија е првото засилување на новиот тренер Унаи Емери кој го наследи бројот. Лихштајнер ќе го носи бројот 12 и за позицијата десен бек во тимот ќе се бори со Хектор Белерин.

Манчестер Јунајтед прв го одврза ќесето и за 55 милиони фунти од Шахјтор Доњецк го доведе бразилскиот репрезентативец. Фред ги минал потребните лекарски прегледи, а „кариоките“ кои се подготвуваат за СП во Русија му честитале за преселбата на Олд Трафорд.

Како што пишуваат медиумите во текот на следните денови „ѓаволите“ ќе го официјализираат трансферот на Диого Далот од португалскиот клуб Порто.

OhridNews