Екипата на Арсенал ја засили одбраната, откако во своите редови го доведе левиот бек Сеад Колашинац од тимот на Шалке.

Колашинац кој може да настапува и офанзивно долго време беше мета и желба на други клубови, но „топчиите“ беа најконкретни и го ангажираа.

23-годишниот Германец со босански корени во младинските репрезентативни категории настапуваше за „панцирите“, а сега ги брани боите на „змајевите“.

OhridNews