Во трансферот на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед голема улога одиграл Тиери Анри. Легендата на „топчиите“ го советувал Чилеанецот да замини и да ја проба среќата во друг клуб во случајов голем ривал на Арсенал.
Сето ова се откри во прошталното писмо со кое Алексис Санчез му се заблагодари на навивачите за трите и пол години поддршка и на Анри за советите да премине во клуб со поголеми амбиции. Навивачите на „топчиите“ на социјалните мрежи го нападнаа Анри кој го наговорил Чилеанецот да побара среќа во друг клуб.
Во поново време Алексис Санчез е втор фудбалер кој од Лондон заминува во Манчестер Јунајтед. Во 2012 година „црвените ѓаволи“ од Емирати го доведоа Робин ван Перси.
OhridNews