Фудбалерите на Арсенал го освоија целиот плен на „Бет 365“ стадионот, откако со 4-1 го совладаа тимот на Стоук во 36-та рунда од Премиер лигата.

Со триумфот против составот на Стоук „топчиите“ му се доближија на бод од Ливерпул кој се наоѓа на четвртата позиција која води во квалификациите за учество во Лигата на Шампиони.

Значајните бодови гостинските фудбалери ги осигураа со маестрална игра во текот на целиот натпревар. Жиру и Озил погодија за 2-0, а домашните со голот на Крауч се вратија 2-1, а Алексис Санчез и Жиру со нови голови ги разрешија сите дилеми. 

Круцијални бодови за опстанок во натпреварите од денешната програмата освои Свонси совладувајќи го веќе испаднатиот Сандерленд со 2-0. 

Резултати: Мен Сити – Лестер 2-1, Бурнмаут – Барнли 2-1, Мидлзброу – Саутемптон 1-2, Сандерленд – Свонси 0-2, Стоук – Арсенал 1-4.

OhridNews