Фудбалерите на Арсенал ја зачуваа шестата позиција на табелата, откако со 2-1 го совладаа тимот на Мидлзбору во последниот натпревар од 33-та рунда во Премиер лигата.


„Топчиите“ до бодовите на „Риверсајд“ стигнаа на погон од најдобрите фудбалери Алексис Санчез и Месут Озил кои ги постигнаа головите. Измеѓу погодоците на Санчез и Озил за домашните фудбалери погоди Алваро Негредо.


Арсенал со триумфот над Мидлзброу остана на шестата позиција пред Евертон кој има два меча повеќе и ги задржа теоретските шанси за пласман во ТОП 4.

OhridNews