Навивачите на Арсенал се уште неможат да го преболат поразот од Челси (2-0) во градското дерби одиграно на Стемфорд Бриџ во рамките од шестата рунда во Премиер лигата.


Најголем бес во навивачите на Арсенал предизвика Диего Коста кој беше иницијатор на турканицата по која Габриел заработи црвен картон.

Во знак на револт „топчииите“ бојкотираат се што е поврзано со името на шпанскиот репрезентативец. Прво на удар се најде кафето на „Старбакс“ кое го носи името Коста.

Англиската федерација покрена обвинение за Диего Коста, а со евентуална суспензија можеби ќе се смират и навивачите на Арсенал.

Ohridnews