Фудбалерите на Арсенал комплетно се вратија во игра за четвртата позиција на табелата во Премиер лигата, откако на гостински терен славеа со 2-0 против тимот на Саутемптон.


„Топчиите“ со трите бодови од „Сент Мери“ во заостанатиот натпревар дојдоа на три бодови од Манчестер Сити и на четири од Ливерпул кој има натпревар повеќе.

Творец на победата беше напаѓачкиот тандем Алексис Санчез – Оливие Жиру кој во вториот дел ги постигна головите вредни победа.


До крајот на шампионатот фудбалерите на Ливерпул игра со Вест Хем и Милдзбору, додека Арсенал ќе се сретне со Стоук, Сандерленд и Евертон.

OhridNews