Атлетико Мадрид го совлада Арсенал со 3-1 (1-1) после изведувањето на пеналите во рамките од Купот на Шампиони, кој се одржува во Соединетите американски држави.

„Јорганџиите“ со голот на Вието во 41-минута го отворија резултатот. На стартот од второто полувреме Емил Смит погоди за 1-1. До крајот остана тој резултат и победникот го одлучи пенал рулетот. Арсенал промаши три од четирите пенали, додека шпанците реализираа три од петте за победа (3-1).

Натпреварите од Купот на Шампиони продолжуваат со мечевите помеѓу Бенфика – Јувентус (19:05 часот), Челси – Интер (20:05 часот) и Манчестер Јунајтед – Ливерпул (23 часот).

OhridNews