Фудбалерите на Свонси ги освоија трите бодови од Емирати победувајќи го Арсенал со минимални 1-0 во последниот натпревар од 36-та рунда во Премиер лигата.
Неуспехот против Свонси ја прекина неверојатната серија на „топчиите“ без пораз во Премиер лигата од три месеци.
Последна екипа која се радуваше на победата над Арсенал беше градскиот ривал Тотенхем (2-1) на 7 февруари на Вајт Харт Лејн.
Стрелец на победничкиот погодок за гостите беше Гомис во 85-та минута од натпреварот.
Мх.П.