Фудбалерите на Арсенал прокнижија нови три бодови на табелата во Премиер лигата совладувајќи го Лестер со 3-1 пред своите гледачи во последниот натпревар од 9-та рунда.

До новиот триумф „топчиите“ стигнаа со пресврт. „Лисиците“ со автоголот на Хектор Белерин поведоа со 1-0. Пред крајот на првиот дел домаќините израмнија преку Месут Озил. Во 61-та минута во игра влезе Пјер Америк Обамејанг, а за само десеттина минута тој постигна два погодоци и донесе победа за својата екипа.

Арсенал на табелата се изедначи со Челси кој се наоѓа на третата позиција, а заостанува два бодови позади Манчестер Сити и Ливерпул кои имаат ист број на бодови на врвот од Премиер лигата.

OhridNews